Стејт департмент: САД „не гледаат дела на геноцид“ во Газа

од Stefanija Kuzmanovska
154 прегледи

Соединетите Американски Држави не забележале дела кои би претставувале геноцид во Газа, објави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, во врска со барањето на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата (МСП) да ги прогласи дејствијата на Израел во Појасот Газа за геноцид.

„Ова не се обвинувања кои треба да се изнесуваат лесно. Не гледаме никакви дејствија кои претставуваат геноцид“, рече Милер.

Портпаролот на Стејт департментот, исто така, рече дека не е во позиција да процени дали во палестинската енклава биле извршени воени злосторства или злосторства против човештвото, пренесува „Ројтерс“.

Поднесокот на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата тврди дека Израел ја прекршил Конвенцијата за геноцид од 1948 година, која беше подготвена по Холокаустот, и се однесува на обидот целосно или делумно да се уништи еден народ.

Слични содржини