Стејт департментот: Дрогата фентанил е убиец број еден во САД

од Stefanija Kuzmanovska
737 прегледи

Стејт департментот објави дека дрогата фентанил ја погодила речиси секоја заедница во САД и оти таа е најголемиот причинител на смрт меѓу дрогите.

„Таа е убиец број еден на Американците на возраст од 18 до 49 години. Направивме коалиција, сега со повеќе од 140 земји и организации, за да работиме заедно за да го решиме овој проблем“, наведе Стејт департментот во објава на мрежата X.

Фентанил е екстремно силен синтетички опиоиден аналгетик (лек против болки) кој е доста сличен на морфиумот, но е 50 до 100 пати посилен од него.

Слични содржини