Стејт департментот одобри продажба на тактички возила на Македонија

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на лесни тактички воени возила на Владата на Северна Македонија, опрема и програми, чија вредност се проценува на околу 111 милиони долари, објави Американската агенција за одбранбена безбедносна соработка (DSCA).

Вчера DSCA достави соодветна документација до Конгресот за можна продажба, беше објавено на веб-страницата на Стејт департментот.

Нагласено е дека предложената продажба ќе ја поддржи надворешната политика и националната безбедност на САД бидејќи ќе ја зајакне безбедноста на сојузниците во НАТО.

Предложената продажба ќе го зајакне капацитетот на Северна Македонија да се справи со сегашните и идните закани со тактички возила за одвраќање на противниците и учество во операциите на НАТО, се вели во соопштението.

Се додава дека предложената продажба на опрема нема да ја наруши воената рамнотежа во регионот.

Слични содржини