Стела Мекартни за Кејт Мос и Каја Гербер: Тие се жената-чудо

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Модната дизајнерка Стела Макартни изјави дека манекенките Кејт Мос и Каја Гербер го отелотворуваат “чудото на жените”.

Таа изјави зошто ги избрала моделите Кејт Мос и Каја Гербер, за да го носат истоимениот нејзин бренд … Според нејзините зборови, тие го отелотворуваат “чудото од жените” низ генерациите, соопшти Контактмјузик.

47-годишната дизајнерка неодамна ја претстави новата колекција за сезоната пролет / лето 2019 година и г избра 44-годишниот супермодел Кејт Мос, за да ги претстави денешните жени и 17-годишната ѕвезда во подем Каја Гербер – ќерката на Синди Крафорд, за да ги симболизира жените на утрешниот ден.

“Имам блиски контакти со Кејт и Каја”, изјави Стела Макартни за британскиот магазин Vogue . “За оваа сезона сакав да го претставам чудото на жените, да ги покажам оние жени од кои сме инспирирани, и на оние што им се восхитуваме денес.

“По седми пат, Кејт Мос ќе биде ликот на брендот, додека Каја Гербер ќе биде прв пат во рекламната кампања.