Стевановиќ: Кај нас мерките подолго време не се спроведуваа

од Nikola Popovski
362 прегледи

„За да не се случи катастрофа, секој еден треба да биде максимално вклучен и ангажиран. Системот не може да функционира ако секој еден не се вклучи во него и помогне“, вели директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ за емисијата „Топ тема“.

Според неа, епидемиолозите ги донесуваат мерките и тие водат сериозна статистика и следење на бројот на заразени и починати.

„Било каква мерка и било кога донесена, ако не се спроведува, не може да биде успешна. Независно од тоа колку е добра, кај нас мерките подолго време не се спроведуваат, иако апелите без интезивни“, потенцира Стевановиќ.

 

Слични содржини