440
Директорката на скопската Инфективна клиника, Милена Стевановиќ на денешната прес-конференција истакна дека Инфективната клиника исклучително сериозно го следат трендот на лекување и препораките кои ги добиваат од целиот свет.
-Дексаметазон го имаме користено во третманот на Ковид во комбинација со останатите лекарства, треба да се разбере дека во текот на лекувањето на Ковид добиваме најразлични информации за лекување кои по одредено време се докажуваат дека се нефикасни, бевме сведоци на многу , научни трудови кои беа повлечени, ние покрај тоа што ги следиме новините се потпираме и на сопственото искуство, според нас треба да ги испробаме сите методи пред да ставиме пациент на респиратор, изјави Стевановиќ.