Саудискиот принц и милијардер Алуалид бин Талал повика на “итен” престанок на забраната за жените во неговата земја да управуваат автомобили.

“Прекинете ја дебатата: Време е жените да возат”, напиша принцот во својот официјален профил на Твитер
Алуалид бин Талал е невообичаено отворен член на саудиското кралско семејство кој не зазема политички позиции, но е на чело на Kingdom Holding Co. Филантропот со кралска крв одамна е бранител на правата на жените во кралството, во кое важат некои од најголемите ограничувања за жените во светот, и е единствената земја каде што на претставничките на понежниот пол не им е дозволено да возат.
Во врска со краткиот коментар на принцот на Твитер, од неговата канцеларија излегоа со изјава со која се утврдуваат неговите мотиви за поддршка на крајот на забраната. “Забраната за возење на жените денес е прашање на права, слични на оние кои им се забрануваат – образование или поседување на независен идентитет”, гласи текстот. “Сите тие се неправедни акти на традиционално општество, далеку повеќе рестриктивни од она што е законски дозволено од религијата.”
Принцот е исто така на мислење дека забраната има “економска цена”, бидејќи жените треба да се потпираат “на надворешните ‘возачи на приватни такси. Дури и ако нивните сопрузи можат да одвојат време за да ги транспортираат, ова бара од нив привремено да ги напуштат своите канцеларии и ја “поткопува продуктивноста на работната сила” .