Стинг доаѓа со сопствена продукција, звук, светло и видео во Скопје

од Vladimir Zorba
169 прегледи

 

Авалон продукција информираше денеска дека STING како и на целата светска турнеја, така и во Скопје, доаѓа со комплетно сопствена продукција, што значи дека звукот, светлото и видеото во Скопје ќе бидат истите како и низ целиот свет.

Во долгогодишната историја на концерти на Авалон Продукција во Македонија, ваков случај досега сме имале само со концертот на Lenny Kravitz во Охрид во 2008 година.

„Во оваа прилика сакаме да истакнеме дека салата во „Борис Трајковски“ после изработката на акустиката (пред околу 4 години), ги има сите услови за овој тип на концерти на ниво на било која сала во регионот и во Европа. Како доказ за тоа се концертите во изминативе две години што Авалон Продукција ги работеше таму: Whitesnake, One Republic, Enrique Iglesias, Bijelo Dugme…

Концертот на STING во Скопје носи префикс на ексклузивен, не само поради фактот што STING е првиот од А листата на артисти од светската музичка индустрија којшто доаѓа во Скопје, туку и поради тоа што концертот се одржува во сала со капацитет два до три пати помал од останатите сали низ Европа и светот каде што STING настапува“ – велат од Авалон.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре (2 јуни), точно во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и Југотон, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 1990 денари

ФАН ПИТ- 3000 денари (само 1000 влезници)

SILVER SEATS- 2.990 денари

GOLDEN SEATS- 3.990 денари

VIP ПАКЕТ кој вклучува влезница и примерок од новиот албум на СТИНГ „57th & 9th“- 6.000 денари (исклучиво со резервации на телефон: 077/945-505, секој ден од 10 до 16 часот освен сабота и недела).

„Поради досега навистина незапаметен интерес за концертот на STING во Македонија, иако во моментов е пролет 2017 год, а концертот е наесен, им препорачуваме на сите што се заинтересирани да си набават влезници ВЕДНАШ!“ порачуваат организаторите.