Стивен Хокинг: Се плашам дека оваа форма на живот ќе го уништи човештвото!

од desk4
93 прегледи

Брзиот развој на вештачката интелигенција може да претставува закана за судбината на човештвото, смета светски познатиот британски физичар Стивен Хокинг.

Се плашам дека вештачката интелигенција може да ги замени луѓето. Ако сега луѓето развиваат компјутерски вируси во иднина некој ќе биде во можност да создаде вештачка интелигенција, која ќе може да се подобри и да се репродуцира самата себе си. Ова ќе биде нова форма на живот, која ќе го надмине човекот , изјави Хокинг, цитиран од весникот Дејли мејл .

Според него машините, во потрага по ефикасност, може да сакаат да се ослободат од луѓето.

Но, дури и ако тоа не се случи, тој верува дека луѓето ризикуваат самите да бидат уништени.

Ја преминавме точката од која нема враќање. Земјата стана премногу мала за нас, населението расте со алармантна стапка и ризикуваме да се самоуништиме, предупредува Хокинг.

Затоа сега главната задача е да се вклучат повеќе луѓе во науката, па човештвото да може да стигне до други планети, за да ги колонизираат, смета научникот.

Зборови кои не се пронајдени во базата: