Стојковски: Огромен број твитови на македонските твитерџии посветени на руската пропаганда

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Огромен број твитови на македонските твитерџии минатата година беа посветени директно на руската пропаганда, добар дел од твитовите служеа за пројава на нашиот национализам, а дел беа насочени против министерката за одбрана и нашата поддршка на Украина, изјави Андреја Стојковски од „Преспа институт“ во емисијата СТУДИО 10 на ТВ 24.

Според Стојковски, има петмина луѓе кои се заслужни за 15% од информациите посветени на една од 11-те најактуелни теми меѓу кои втората е војната на Русија против Украина.

-Тие петмина луѓе пишуваат или пренесуваат информации, но имаат многу мал досег со меѓу 2-8 допаѓања и просечно две споделувања. Тоа значи дека тие не се обидуваат да остварат освојување на просторот туку сакаат да извршат влијание оти твитот се појавува и не е нужно некој да реагира, вели Стојковски.

Слични содржини