Стоев: Бараме гаранции од С. Македонија дека договореното ќе се исполни

од Nikola Popovski
372 прегледи

Продолжување на дијалогот со С. Македонија е меѓу надворешно-политичките приоритети на Министерството за надворешни работи. Тоа е актуелно прашање и на европската агенда, истакнал привремениот бугарски министер за надворешни работи, Светлан Стоев.

Според него, пна што е потребно е да се има конзистентност, конструктивен став во тековниот дијало и целта е да се постигнат одржливи и неповратни резултати во враќањето на довербата меѓу двете земји.

„Голем дел од дипломатските напори се прашања на преговори, прашања за кои е потребна доверливост. Прво заедничко учество ќе се случи утре, кога претседателот Стево Пендаровски заедно со бугарскиот Радев ќе одат кај папата во Рим“, додал тој.

Тој посочува дека за прашањето со Северна Македонија се работи во две насоки.

„Нашата политика е конзистентна, да разговараме со земјите-членки и да и дадеме гаранции на Бугарија дека договореното ќе се спроведе преку мониторинг и ќе се спроведат билатерални договори. Се очекува конструктивен дијалог од страна на македонската држава“, истакнал Светлан Стоев во изјава за бугарските медиуми.

Тој потсети дека меѓу бугарските институции нема разногласие по прашањето за Mакедонија и дека бугарските национални интереси се штитат од сите.

Претседателите на Македонија и на Бугарија Стево Пендаровски и Румен Радев прво ќе се сретнат на Меѓународниот аеродром Скопје, а потоа со бугарскиот државен авион ќе одат во Ватикан каде што заеднички ќе оддадат почит на делото на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј. Оваа средба доаѓа неполна седмица по посетата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва на Скопје и Софија каде што го доставија нивниот предлог за деблокирање на македонските европски интеграции, потег кој Бугарија го направи пред се поради нерешени историски прашања.

Слични содржини