Стоев до Вархеји: Очекуваме јасни гаранции од Македонија

од Nikola Popovski
324 прегледи

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев остварил билатерални разговори со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и со министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија Хозе Мануел Албарез Буено. Тие се одржале во Барселона во рамките на VI регионален форум на Унијата за Медитеранот и министерскиот состанок на ЕУ и земјите партнери од јужното соседство, соопштило тамошното МНР.

-Беа разменети мислења за изгледите за почеток на преговори за членство во ЕУ со Република Северна Македонија. Бугарската страна ги истакна своите проактивни напори во последните месеци за решавање на отворените прашања со Скопје, со цел да се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Очекуваме јасни гаранции од Република Северна Македонија по ова прашање, соопштија од бугарското МНР.

Слични содржини