Стоев: Побаравме непречен влез за роднините на загинатите и повредените, како и на медиумите од РСМ

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Министерството за надворешни работи на Бугарија во рамките на своите надлежности и ја дава сета потребна помош на Република Северна Македонија во врска со несреќата на автопатот Струма – ги увери министерот за надворешни работи Светлан Стоев премиерот на С. Македонија Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче, соопштија од прес-центарот на Министерството за надворешни работи.

Шефот на бугарската дипломатија претходно денеска ја пречека владината делегација од Република Северна Македонија во болницата Пирогов, каде ги посети настраданите во тешката сообраќајна несреќа.

„Министерството за надворешни работи, како и бугарската амбасада во Скопје, се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи на РСМ и нејзиното дипломатско претставништво во Софија. Побаравме од надлежните бугарски институции да обезбедат приоритетен и непречен влез во Бугарија на роднините на загинатите и повредените, како и на претставниците на медиумите на Република Северна Македонија во поглед на хуманитарниот аспект на случајот“, информираат од бугарското МНР.

Министерството за надворешни работи во рамките на своите надлежности дава помош и на тим од судски лекари, како и на вработени во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, кои ќе пристигнат во Бугарија во врска со несреќата.

„Министерството за надворешни работи на Република Бугарија уште еднаш изразува искрено сочувство до Република Северна Македонија во врска со трагедијата“, се додава во соопштението.

Слични содржини