Стоев кон Вархеји: Бугарија е конзистентна, потребни се конкретни активности и гаранции за имплементација на Договорот од страна на C. Mакедонија

од Nikola Popovski

Бугарија ја задржува својата позиција во однос на европската интеграција на Република Македонија, која произлегува од Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година и Рамковната позиција усвоена од Советот на министри на 9 октомври 2019 година, изјавил бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев пред еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, кој е во посета на Софија, објави БГНЕС.

-На Бугарија и се потребни конкретни активности и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, нагласил шефот на бугарската дипломатија.

Стоев на Вархеји му ја потврдил принципиелната позиција на Бугарија во поддршката на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучително и Република Северна Македонија.

Министерот за надворешни работи го запознал еврокомесарот со актуелните случувања во билатералниот дијалог со Скопје, нагласувајќи ги напорите на бугарската страна да ја врати довербата на сите нивоа, како и серијата експертски консултации помеѓу двете министерства за надворешни работи.

-Бугарија останува доследна во поддршката за европскиот пат на земјите од Западен Балкан, вклучително и Република Северна Македонија. Водени од оваа позиција, вложивме сериозни напори да одржуваме отворен и целосен дијалог со нашите соседи и да ја вратиме довербата во односите меѓу нас , рече Светлан Стоев.

Во исто време, тој истакнал дека за да се поддржи почетокот на пристапните преговори меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, на Бугарија ѝ се потребни конкретни активности и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

Слични содржини