Стоев: Скопје има погрешен пристап, се потпира на притисок

од Nikola Popovski
294 прегледи

Во последните месеци македонската страна води двојна политика во преговорите со нас. Таа се потпираше на надворешен притисок, кој не можеше да доведе до решавање на спорот меѓу нас, изјави денес досегашниот шеф на бугарската дипломатија, Светлан Стоев пред да ја предаде функцијата на новата бугарска министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска.

Тој смета дека „поради тоа што ја претставувал преодната владата, секогаш имало двосмислена позиција што ја слушале политичарите од Македонија“.

-Имаше и такви кои рекоа „да“ на експертската влада односно да разговараме, преговараме и постигнеме резултати. Имаше и други политичари кои тврдеа дека не преговараат со преодна влада затоа што таа нема мандат, рече Стоев.

Според него, „се прави сѐ за да се изврши дополнителен притисок врз нив до последните денови пред утрешната средба на Европскиот совет“.

-Можам да ви кажам дека со чиста совест и ги пренесуваме нашите анализи на редовната влада. Отсега владата ги има сите можности да ја искористи оваа анализа за продолжување на дијалогот и се надеваме дека македонската страна конечно ќе сфати дека тоа е прашање, кое не може да се реши со притисок однадвор, туку само со билатерален дијалог“, изјавил Стоев на прес-конференција по повод примопредавањето на функцијата на новата шефица на бугарската дипломатија.

Слични содржини