Стоилковски: Дали МВР регистрирала пиштол Глок на лице од листата „Безбеден град“?

од Radmila Tasevska

На денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека „МВР на Оливер Спасовски се обидува со молк да забошоти огромен скандал“.

Тој исто така упати и прашање „дали во МВР е регистрирано оружје, пиштол Глок, калибар 9 милиметри, на лице со одобрение за оружје, Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година? Дали Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година, е во првите пет на листата „Безбеден град“ за следење, листа на топ 50 поврзани со тежок криминал“?

А, зошто МВР, молчи за ова? – вели тој.

Комисијата за дозволите, одобренијата за оружје е составена од Оливер Спасовски, а водена од неговиот пулен Музафер Каришиќ. Скандалот е уште поголем со тоа што токму Каришиќ е творец на планот „Безбеден град“, – вели Стоилковски и додава „творецот на овој план и список дава дозвола за оружје на лице во врвот на овој план и список“!

Молкот повеќе не е опција за Спасовски, ниту за МВР, молкот е само обид да стивне скандалот којшто открива поврзаност, шурување на врвот на МВР на Спасовски со криминалот, изјави Стоилковски.

Слични содржини