Стоилковски: Каевски изградил вила и купил стан на 30 години

од Nikola Popovski

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски продолжи со нападите кон портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски. Стоилковски денеска од пред „Белиот дворец“ постави неколку директни прашања.

-Дали пратеникот и портпарол од СДСМ Дарко Каевски во 2020 година купил стан во Скопје?

Дали истата година изградил луксузна хациенда на местото на стара куќа во скопско Волково?

Дали има документи за градба на луксузната вила во Волково?

Дали хациендата во Волково е изградена на местото коешто во Анкетниот лист е пријавено како градежно НЕИЗГРАДЕНО земјиште во Волково?

И последното прашање, како со директорска плата од Агенцијата за Млади и Спорт, тукушто избран пратеник, на 30 години, успева во една година да се стекне со стан во Скопје и да изгради луксузна вила во Волково?, праша Стоилковски.

Пред неколку дена портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ по втор упадна на пресот на пратеникот од редовите на СДСМ.

Слични содржини