Стоилковски: Мафијаш од црната листа на САД бизнис партнер на Македонија?

од Nikola Popovski
426 прегледи

Владата на ДУИ и СДСМ, Ковачевски и Артан Груби, како потписник на документот за Државната Лотарија, државната компанија Државна Лотарија водена од шефот на кабинет на Артан Груби, Перпарим Бајрами, се должни во најкус рок да соопштат дали имаат ветување, намера, или веќе имаат договор за внесување на Македонија во партнерски однос со Васил Божков или било кој од неговите фирми за игри на среќа, онлајн коцкање, обложување во Бугарија и дали тоа почитувани треба да се покрие со огласот на Државната Лотарија?, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што обвинува тој, „бугарскиот коцкарски могул и мафијашки олигарх, Васил Божков и неговите фирми од 2021 година се наоѓаат на црната листа на санкции на американскиот департмент за финансии, согласно листата со актот Магнитски против криминал, корупција, ширење на руски влијанија“.

Притоа Стоилковски покажа одредени документи.

-Ова е извадок од ОФАК, одделот за контрола на имот при американскиот департмент, каде стои листата на која што е наведен и Васил Кроумов Божков, во латинична транскрипција со Ј наместо Ж, но и со ЗХ наместо Ж, наведено како алијас, исто како што стои и „Черепот“. Под неговото име се наведени и компаниите, и причината зошто е ставен на оваа листа.

Ова е таа информација за медиумите од американскиот департмент за финансии. Тука стои дека тој подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ќе потенцирам уште еднаш, подмитувал да се донесат дозволи и закони во негова полза, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини