454
Смрзнати цени во владините бифеа, наместо во продавниците, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, објавувајќи мени со храна на социјалните мрежи.
Како што објави тој, ова се цените во владините институции од 12 октомври. Според тоа што може да се види, пилешка чорба е 60 денари, омлет со свинско 65 денари, сланина на скара 110 денари вешалица од свинско каре – 135 денари.
Исто така според менито, копан со ориз е 100 денари, грав со сланина 150 денари, тост со свински врат 75 денари.
-Со овие цени, доручек, ручек и вечера за функционери доаѓа околу 250 денари. Чорба за доручек, готвено за ручек, тост за вечера, истакна портпаролот на најголемата опозициска партија.