Стоилковски за Израел: Мицкоски ја повтори изјавата на Бајден, таа не се однесува на палестинскиот народ

од Vladimir Zorba

Изјавата на Христијан Мицкоски е во насока на ставот на стратешките партнери на Македонија. Изјавата е во иста насока со ставот на американскиот претседател Џо Бајден, кој што изрази разбирање за реакцијата на Израел, вели денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Вели дека „изјавата на Мицкоски не се однесува на палестинскиот народ“, ниту пак кон муслиманите, или пак кон арапскиот народ.

– Ставот се однесува кон правото на држава пријател на Македонија да ја заштити својата територија која што е нападната и гранатирана од паравоена формација. Денес во Израел губат животи за жал подеднакво и евреи и христијани и сите кои што живеат на таа територија. И во оваа прилика апелираме на прекин на огнот, наоѓање на заедничко решение и смирување на тензиите и насилствата, изјави Стоилковски.

Слични содржини