Стоилковски за снимките за „Рекет“: Уште еден од притисоците на власта

од Aleksandar Todeski
258 прегледи

Власта преку снимките објавени на Јутјуб сака да се испере себеси во судскиот процес „Рекет“ и да се затскрие, вака порптаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ги коментира новите аудио материјали објавени на Јутјуб, а во кои се слуша глас кој наликува на оној на сведокот во случајот „Рекет“.

„Ова е само уште еден од притисоците и уште еден од начините на власта за да се испере себеси во судскиот процес „Рекет“ и да се затскрие себеси. Во „Рекет“ се работи за човек на кој цела Влада и обвинителката и обвинетата му беа на неговото крунисување, така што се што се презема сега е само во насока на власта да може да изврши притисок врз главниот сведок, а можеби и оштетен за да може да се затскрие себеси и нивната улога во оваа афера“, рече Стоилковски.

Иако прашан општо за снимките кои излегоа на Јутјуб, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ не го искоментира споменувањето на нивната партија  дека „кога ќе дошол Мицкоски, ќе имало крв до колена“.

 

Слични содржини