„Стој овде“: Пред банките и маркетите во Прилеп постави налепници за одржување на растојание

од Берта Китинска
161 прегледи

Во насока на ефикасно спроведување на мерките на Владата, Министерството за здравство и Општинскиот кризен штаб, а со цел заштита на здравјето на граѓаните, пред експозитурите на банките и маркетите во градот, Општина Прилеп постави налепници за одржување на препорачаното растојание меѓу граѓаните од минимум два метра.

-Истовремено, во обезбедување на редот пред банките и маркетите, каде и покрај бројните апели за држење на растојание се создаваат непотребни гужви, од денеска ќе бидат вклучени и претставници на Армијата на Република Северна Македонија, соопшти градоначалникот  на Прилеп Илија Јовановски.

Слични содржини