Стојановска: Нека дојде 12 април, па ќе видиме дали ќе го почитуваме договорот од Преспа

од Aleksandar Todeski
351 прегледи

Нека дојде 12 април, да го видиме исходот, па ќе видиме, вака одговори пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска на прашање на пратеникот од СДСМ, Костадин Ацевски дали опозициската партија дала гаранција дека ќе го почитуваат договорот од Преспа, како што рекла и актуелната власт во Грција, опозиција во времето кога се носеше договорот.

„Нека помине 12 април, да го видиме исходот, да ги видиме мандатите“, рече Стојановска.

Пратеникот од СДСМ пак, потсети дека пред референдумот дојде и Макрон и сите лидери кои кажале дека со решавањето на спорот со името се тргаат сите пречки за влез во Европската Унија, но и дека државата не добила датум поради политичка одлука на Франција.

„Николовски имаше изјава во јануари месец дека нема неповратни процеси и дека се може да се врати назад, ако тоа е клучната карта на која играат, треба да кажат, не сум видел понуден концепт за обнова освен зборот обнова. Граѓаните се иселуваа бидејќи не гледаа перспектива во државата, но веќе не доминираат темите дали ќе ја биде или нема да ја биде државата“, рече Ацевски.

Слични содржини