Стојановски во две трки собори три рекорди во пливање

од Vladimir Zorba
533 прегледи

На меѓународниот пливачки натпревар “13 Ноемрви” што се одржа овој викенд во Скопје, Андреј Стојановски член на Пливачкиот клуб “Нептун” беше прогласен за најдобар пливач во апсолутна категорија.

До оваа титула 17 годишниот Стојановски дојде соборувајки три рекорди на Р.С.Македонија и тоа во само две трки. Во дисциплината 100 м грбно Андреј исплива резултат 57.99 сек. со тоа го собори државниот рекорд во категорија младинци.

Во дисциплината 50 м грбно , во квалификационата трка, неговото испливано време беше 26,51 сек. со што го собори државниот рекорд во категорија младинци како и државниот рекорд во апсолутна категорија.Во финалната трка од истата дисциплина, само неколку часа подоцна, Стојановски уште еднаш ги собори од него постигнатите државни рекорди, овој пат со време 26,32 сек.

Овој успех  е само уште еден во низата што му претстојат на овој наш најдобар пливач под водство на тренерот Томи Стефановски. За потсетување, Андреј Стојановски на последното летно Национално првенство, беше прогласен за најдобар пливач во категоријата младинци.

Слични содржини