Драган Стојковиќ, селекторот на српската репрезентација, по мечот со Словенија беше задоволен, но истакна дека очекувал повеќе.
Србија сега ќе има тешка задача, ќе треба да ја победи Данска во последното коло, доколку сака да се пласира во следната фаза од натпреварувањето.
„Прво, Србинот не умира така лесно. Не се откажуваме и нема. Веруваме до крај, а резултатот дојде како награда за тоа верување. За многумина играта беше завршена. За нас не беше, на крајот на краиштата, ова е ЕВРО, секој бод е важен, секој резултат е важен. Сакам да им честитам на момците бидејќи успеавме да создадеме многу шанси, но ниту една не влезе во мрежата. Не сакавме да прифатиме пораз и затоа дојде наградата. Тешка игра – ако се погледне статистиката, имавме повеќе шанси, 14-15 удари кон голот. Таков е нашиот фудбал, офанзивен, но не успеавме. Останува последниот натпревар, овој не остави во игра“, рече српскиот тренер на прес-конференцијата.