„Стокомак“ влегува на српскиот пазар

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Еден од најголемите македонски трговски синџири „Стокомак“ планира да влезе на српскиот пазар. „Стокомак“ основаше седиште во Ниш, а неодамна купи интернет домен за српскиот пазар, пренесува „еКапија“.

Сè уште нема официјални информации кога „Стокомак“ би можел да ги отвори своите први маркети и во кои градови.

На 5 октомври, „Стокомак“ го отвори својот најмодерен објект во Македонија, лоциран во Куманово. Модерната продавница се простира на повеќе од 1.000 квадратни метри и на клиентите им нуди широк асортиман од околу 1.600 прехранбени и непрехранбени производи.

Компанијата „Стокомак“ е основана во 1997 година и денес е една од најголемите македонски трговски групи со вкупно 73 објекти низ Македонија, пишува српскиот економски портал.

Слични содржини