Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска најави дека ќе започне процесот на ратификација на апликацијата на Шведска за членство во Алијансата.
„Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган јасно стави до знаење дека Турција е подготвена да го ратификува членството на Шведска“, рече Столтенберг на прес-конференција, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.
Тој додаде дека Шведска го променила својот устав и ги зајакнала мерките против тероризмот.