Столтенберг: Косово нема да има армија без согласност на косовските Срби

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Јенс Столтенберг објасни на Косоварите кога ќе можат да имаат армија.

Без согласност на етничките малцинства е невозможна трансформацијата на Косовските безбедносни сили во војска на Косово, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Запрашан дали НАТО се противи на создавањето на армија во Косово, тој рече дека Алијансата е во текот на случувањата и е во постојани консултации и блиски контакти со косовските власти за ова прашање.

“Сакам да ја изразам мојата загриженост во врска со последните иницијативи за создавање на косовска армија без Избирањето на потребните услови, поточно без согласност на немногоброjните етнички заедници во Косово. Создавањето на армија треба да поминe низ парламентарен процес и треба да биде во согласност со Уставот “, изјави Столтенберг.

Lokalno.mk  потсетува дека слична позиција изразува и ЕУ. Косово може да има армија само со согласност на косовските Срби и во склад со Уставот.