Столтенберг на 21. ноември во Скопје

од Nikola Popovski
269 прегледи

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе биде домаќин на официјалната посета на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Посетата ќе се одржи во Скопје на 21 ноември 2023 година, почнувајќи со официјална церемонија во Владата проследена со заедничка прес-конференција.

Генералниот секретар на НАТО ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и ќе одржи говор во парламентот.

Република Северна Македонија ќе биде домаќин на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот во Скопје, на 22 ноември 2023. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе ги пречекаат поканетите лидери од Република Албанија – премиерот Еди Рама, Република Хрватска – претседателот Зоран Милановиќ, Република Црна Гора – премиерот Милојко Спајиќ и Република Словенија – премиерот Роберт Голоб.

Генералниот секретар на НАТО во недела, на 19 ноември, ќе отпатува за Босна и Херцеговина, каде, според најавата, ќе има работна вечера со членовите на Претседателството.

Столтенберг ќе престојува во Србија во вторник на 21 ноември. Тој ќе има средби со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ. Столтенберг ќе соработува и со српски научници, на кои ќе им ја презентира технологијата развиена во контекст на проектот на НАТО „Наука за мир и безбедност“.

Слични содржини