Столтенберг: Намерното оштетување на критичната инфраструктура на НАТО бара одговор

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска предупреди дека секое намерно оштетување на критичната инфраструктура на Алијансата ќе бара решителен одговор откако подморскиот гасовод во Финска, наводно, бил оштетен во саботажа.

Говорејќи во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Столтенберг рече дека темата е на дневен ред.

„Сега е важно да се утврди што се случило…“, посочи Столтенберг, наведувајќи дека НАТО ќе одговори одлучно и обединето доколку се утврди дека се работи за намерен напад на критичната инфраструктура на Алијансата, пренесе „Блумберг“.

Слични содржини