Столтенберг: НАТО не бара војна со Русија

од Milan1

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека НАТО не бара војна со Русија. Говорејќи во Брисел, тој рече дека НАТО е „одбранбен“ сојуз.

„Наша основна задача е да ги заштитиме нашите 30 нации. Ние не сме дел од овој конфликт и имаме одговорност да обезбедиме тој да не ескалира или да се прошири надвор од Украина. Тоа би било уште попогубно и поопасно, со уште повеќе човечки страдања“ рече тој а пренесува британски „Гардијан“.

Столтенберг предупреди дека наредните денови „веројатно ќе бидат полоши“, бидејќи се очекува руските сили да донесат потешко оружје и да продолжат со нападите низ Украина.

Говорејќи по вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, Столтенберг ја опиша руската инвазија на Украина како „најлошата воена агресија во Европа во последните децении“.

„Градовите се под опсада, гранатирани се училишта, болници и станбени згради. Непромислени акции околу нуклеарната централа синоќа и многу цивили загинати или ранети. Деновите што доаѓаат веројатно ќе бидат полоши, со повеќе смртни случаи, повеќе страдања и повеќе уништувања“, рече Столтенберг.

Слични содржини