Столтенберг: НАТО нема да распореди војници во Финска без нејзина согласност

од Stefanija Kuzmanovska

НАТО нема да распореди војници во Финска без согласност на земјата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Тоа е одлука на Финска. Нема да има војници на НАТО во Финска без согласност на Финска“, рече Столтенберг, пренесе ТАСС.

Тој нагласи дека Финска ќе донесе „напредна одбранбена индустрија“ и „највисоки способности“ во алијансата.

Слични содржини