Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска го осуди нападот на браната на Нова Каховка, што, како што наведе, уште еднаш ја покажува бруталноста на руската војна во Украина и предупреди дека илјадници цивили се загрозени и предизвикана е штета на животната средина.
„Ова е безмилосен чин кој уште еднаш ја покажува суровоста на руската војна во Украина“, напиша Столтенберг на Твитер.
Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса изјави и дека уништувањето на браната „доведува во опасност илјадници цивили и предизвикува сериозна штета на животната средина“.
Евакуирано населението од околу 300 куќи во Нова Каховка
Населението од околу 300 куќи во Новаја Каховка, на југот на Украина, се евакуира по уривањето на браната на блиската хидроцентрала, објавија проруските власти, пренесува ТАСС.
Браната Каховка во делот на Херсонската област што е под контрола на руските сили утрово се урна во гранатирање, за што меѓусебно меѓусебно се обвинуваат Русија и Украина.