Столтенберг: Пристапувањето на Шведска во НАТО e на дофат

од Vladimir Zorba

Приклучувањето на Шведска во НАТО е на дофат, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, по средбата во Брисел на која се разговараше за надминување на приговорите на Турција за влез на Шведска во НАТО.

„Сега е време Шведска да се приклучи на Алијансата“, изјави Столтенберг пред новинарите.

Додаде дека е можно позитивна одлука да следи на самитот на Алијансата во Вилнус следната недела, пренесе Ројтерс.

Слични содржини