
– Европската комисија препорача почеток на преговорите за Албанија и важно е овој напредок да продолжи. Во демократија секогаш ќе има дебати, но политичкото насилство е во судир со нашите демократски вредности. Апсолутно е неприфатливо. Затоа, ги повикувам сите политички актери да се однесуваат одговорно и воздржано. Консензус за да се реши било разлика преку дијалог. Ова придонесува за подобра иднина за народот во Албанија и целиот регион, изјави Столтенберг на заедничката прес конференција по средбата со премиерот Еди Рама.
Тој изрази длабоко сочувство со семејствата на двајцата албански старешини кои загинаа при експлозија на мина во Летонија и го нагласи значајниот придонес на Албанија во рамки на мисиите на НАТО.
– Среќен сум што повторно сум во Тирана. Ја ценам оваа можност да бидам тука со вас на оваа скапоцена годишнина за вас, 10 години од пристапувањето во НАТО. Албанија е многу важна членка и дава голем придонес во мисите. НАТО е посветен на безбедноста на Албанија и потроши 51 милион евра за постојната воздухопловна база и за логистика, рече првиот човек на НАТО.
Столтенберг и Рама, исто така, зборуваа и за можноста за руското влијание во регионот, имајќи ги предвид многуте протести во Белград, Албанија и пошироко.
Според Столтенберг, Русија отсекогаш се обидувала да се вклучи во разните процеси на ЕУ и НАТО.
– Ги повикувам сите политички актери да земат учество во дијалогот. Сме ги виделе напорите на Русија да се вклучи во нашите различни процеси и во сојузничките земји на НАТО. Но за вашата земја ќе оставам да каже премиерот, рече Столтенберг.
Според Рама, пристапот на Русија кон процесите на интеграција во НАТО и во ЕУ не е пријателски. Тој зборуваше за една невообичаена ситуација во Албанија, на која „предупредуваат некои опозициски сили и настојуваат да се случи“.
– Не е тајна дека пристапот на Русија кон НАТО, кон ЕУ, кон интегративните процеси не е пријателски пристап. Второ, сакам да го нагласам фактот дека во ниту една земја на НАТО не се случило она што се случува овде и на што предупредуваат некои од главните опозициски сили и очигледно се обидуваат да се случат овде, рече Рама.
Тој изрази задоволство од посета на Столтенберг на Тирана и ја оцени како афирмација на вниманието и грижата на НАТО кон Албанија и регионот.
На меѓународниот аеродром во Тирана Столтенгерг го дочека министерка за одбрана Олта Џачка, со која на кусата средба разговарале за актуелната состојба во Албанија. Најавена е средба со шефот на државата Илир Мета.