Стоматолози составиле листа од 10 НАМИРНИЦИ кои секој треба да ги ИЗБЕГНУВА

од Vladimir Zorba

И самите сте свесни дека некои намирници може да предизвикаат проблеми како што се кариес, заболување на непцата или да ги обојат забите.

Постојат многу работи што можете да ги направите за да спречите проблеми со забите.

Стоматолозите открија што избегнуваат за да имаат блескави бели и здрави заби.

Пуканки

„Голем број луѓе доаѓаат со напукнати заби затоа што јаделе пуканки кои не биле целосно испукани – вели Џонатан Неман и додава: – Лушпата од пуканки, пак, е позната по тоа што влегува меѓу забите и предизвикува болка во непцата.

Суво овошје

Ова е катастрофа за забите! Шеќерот од ова овошје побрзо се лепи и може да предизвика расипување на забите.

Сладок пијалок

Тие големи шолји кафе со додатоци се ноќна мора за забите. „Постојаната изложеност на млеко и шеќер еден час или повеќе ја отежнува борбата против шеќерот и киселините што ги произведуваат бактериите во нашата уста. Плунката е одличен заштитник на забите, а со постојани напади на шеќер од конзумирање на слатки пијалоци, со текот на времето плунковните жлезди не успеваат да не заштитат“.

Семки

Семките од тиква се одличен извор на витамини од групата Б, железо, магнезиум, цинк и протеини. Но, иако тие се добри за вашето целокупно здравје, тие не се за вашите заби.

„Бараат да ги скршите со предните заби, што лесно предизвикува кршење на рабовите“.

Мраз

Мразот едноставно е премногу тврд за забната глеѓ и предизвикува фрактури на забите.

Енергетски пијалоци

Тие можат да предизвикаат дехирација, главоболки и да го зголемат пулсот.

„Енергетските пијалоци се супер кисели и имаат висока содржина на шеќер. Видов зголемување на количината на распаѓање кај студентите кои го консумираат ова прекумерно за да останат будни цела ноќ, без разлика дали студираат или се забавуваат. Ги покрива сите заби и затоа делува подеднакво на сите. Ќе добиете кариес!“,- вели стоматологот.

Суво грозје покриено со чоколадо

Изненадува, но самата чоколада е помалку штетна од сувото грозје. Содржината на шеќер е поголема, а лепливото овошје се заглавува во жлебовите на забите.

Спортски пијалоци

Тие се создадени за да ги вратат изгубените хранливи материи и електролити на спортистите, но содржат и големи дози шеќер. Познато е дека течните шеќери предизвикуваат расипување на забите, освен ако не сте спортист, избегнувајте ги.

Путер од кикирики

Оваа храна е здрава за срцето, но не и за забите. Лепливата текстура е совршена за кариес, но ако сакате да ја јадете, побарајте верзија без шеќер и пијте многу вода.

Конзервирано овошје

Звучи здраво затоа што има овошје во името, но не е. Обичното овошје е здрава опција, ова не е. Спакувано е во сируп и навистина богато со шеќер, па затоа избегнувајте.

Гумени бомбони

Избегнувајте апсолутно сите видови гумени бонбони!

„Тие се страшни за вашите заби бидејќи се лепат за сите делови и колку подолго слатките се во контакт со забите, толку повеќе киселини произведуваат бактериите кои предизвикуваат кариес“, заклучува стоматолог за „Helathy“.

Слични содржини