Стопанска комора: Ако Владата не помогне, храната ќе поскапе и до 50%

од Vladimir Zorba
454 прегледи

Храната ќе поскапи и до 50 отсто, соопштија денеска од бизнис заедницата.

Од Стопанска комора велат дека ако Владата не помогне, растот на цените на храната ќе изнесува околу 40 до 50%.

Компаниите од прехранбениот сектор бараат итна средба со Владата, ако Владата излезе во пресрет, растот на цените ќе изнесува околу 15%.

Причина за раст на цените се климатските промени, намаленото земјоделско производство, недовлна работна сила, скапиот транспорт и скапите енергенси.

„Крајно време е за вертикална интеграција. Компаниите заедно со трговците ќе мора да креираат заедничка ценовна политика. Проблем не е само цената и понудата на домашен пазар, туку и квалитетот. Потребно е да се разговара со примарните проиозводители, трговците и транспортерите. Поради одливот на возачи од државата, проблем со кој се соочуваат сите компании, ќе мора да се ангажираат логистички компании, што е веќе подолго време пракса во светот.

Ако суровините поскапеа изминатата година и до 40%, се очекува поскапувањето на крајните производи да биде од 40-50%, а тука секако треба да се додаде и новата цена на енергенсите“, беше истакнато на прес конференцијата на Стопанската комора.

Слични содржини