Стопанската комора на Македонија предлага начин за полесна набавка на заштитни маски за компаниите

од Берта Китинска
142 прегледи

Стопанската комора на Македонија апелира компаниите што произведуваат заштитни маски до неа да достават основни информации поврзани со нивната продажба, цените, количините, периодот и начинот на испорака. Комората бесплатно ќе ги постави овие информации на соодветно место на својата интернет-страница за полесно да се сретнат понудата и побарувачката на заштитните маски на домашниот пазар.

Компаниите што сакаат да набават и бесплатно да им дадат заштитни маски на своите вработени, тоа, нагласува Комората, ќе можат полесно да го направат. Така, компаниите ќе работат, а работниците ќе бидат подобро заштитени.

-Експертите од областа на медицината посочуваат дека користењето на заштитни маски значително го намалува ризикот од пренесување на коронавирусот. Носењето заштитни маски е препорачано или станува задолжително за одредени ситуации во секојдневниот живот. Впрочем, како што стојат работите, процесот на своевидна нормализација на македонската економија најверојатно ќе вклучува користење заштитни маски. Во вакви околности, станува многу важно да се обезбеди можност за навремена и лесна набавка на заштитни маски за компаниите што сакаат да набават заштитни маски за своите работници, наведува Стопанската комора на Македонија.

Слични содржини