Стотина новинари, бизнисмени, адвокати биле прислушувани?СЈО влезе во ТЕЛЕКОМ!

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Шест месеци по објавувањето на истрагата за случајот „Таргет“ СЈО  конечно влезе во „Македонски Телеком“.

По средбата и од СЈО и од Телеком излегоа со идентичен став. Воспоставена е соработка. Станува збор за истражна постапка и во моментов не можат да соопштат повеќе детали. 
„Во просториите на „Македонски Телеком“ е одржана работна средба на повисоко ниво со преставници на оваа компанија, со цел да се изнајде решение за предметите од интерес на ова Јавно обвинителство. Очекуваме воспоставената соработка да продолжи и во претстојниот период“, стои во кусото соопштение на СЈО.
Средбата во Телеком доаѓа откако Кривичниот суд четири пати не издаде налог за претрес во компјутерскиот систем на мобилниот оператор со цел СЈО да го доистражи случајот за тоа кој масовно прислушувал.
Податоците од Телеком се потребни за СЈО да направи споредба со податоците кои есента ги прибира од УБК, а од кои произлезе дека без судски налог незаконски биле прислушувани 5827 лица во период од 2008 до 2015 година.
За случајот „Таргет“ осомничени се десет лица поранешни и сегашни вработени во УБК кои преку злоупотреба на службената положба без судска наредба внесувале податоци за телефонски броеви во системите за прислушување. Ваквите дејствија биле забележани од лице вработено во УБК, кој прибавил дел од транскриптите што ги правеле осомничените, а воедно прибавил и дел од аудио записите кои преку други лица му биле предадени на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Сепак, при објавувањето на случајот СЈО потенцираше дека докзите упатуваат на сомнение дека незаконското следење на комуникациите продолжило и после обелоденувањето на аферата со прислушкувањето.