Стотина села во карантин поради ново жариште на зараза во Кина

од Берта Китинска

Стотина села во североисточната кинеска провинција Јилин се во карантин откако се појави жариште на коронавирус, објавија вчера кинеските власти.

Повеќе илјади резиденцијални згради, односно неколку илјади жители на градот Шулан кој е центар на провинцијата исто така е во карантин. Шулан е еден од градовите во Кина во кој при крајот на минатата година е детектиран коронавирусот.

Поголем број од превозните сретства кон 1.205 села е запрен за да се спречи ширење на заразата.

Прогласена состојба од висок ризик

Градоначалничката на Шулан, Жин Хуан во вчерашната прес конференција за медиумите изјавила дека сите мерки се донесени согласни владините одлуки на државно ниво.

До 7 мај немало нови случаеви на заболени од коронавирус, а потоа жителите на Шулан кои живеат во близина на границата со Русија се вратиле во своите домови и ја „вратиле“ заразата.
Во петоот во Шулан се евидентирани 16 нови случаеви на заразени од коронавирус. На подрачјето на провинцијата Јијин потврдени се 121 случај, од кои 19 се „увезени“. Минатиот петок на оваа територија е прогласена состојба на висок ризик, пренесува NBC.

Слични содржини