Јас бев еден од главните финансиери на ВМРО-ДПМНЕ, а исто така ургирав и други фирми да ја спонзорираат партијата, вели бизнисменот и сопственик на БС, поранешниот министер за финансии и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Борис Стојменов, во емисијата „Во Центар“.
-Љубчо Георгиевски, Доста Димовска и сопругата на Љубчо, Снешка Георгиевска, беа на платен список во мојата компанија. Љубчо Георгиевски го водевме како сметководите….Јас средив да се купи таканаречената жолта зграда на ВМРО-ДПМНЕ. Ние како компанија држевме еден спрат од зградата и така и плаќавме на партијата кирија.Во 1994 година, јас требаше да бидам кандидат за претседател на Македонија, но тогаш беше форсиран Љубиша Георгиевски. На конвенцијата јас добив најголем аплауз, но сепак се откажав во корист на Љубиша Георгиевски, кажа тој.
Околу бугарското крило во партијата, тој кажа дека предничела Доста Димовска , додека Љубчо Георгиевски повеќе се грижел за парите.
-Георгиевски го имаше клуч од сефот во партијата, нешто што мене не ми се допаѓаше.Многу работи во партијата не ми се допаѓаа, но јас си го водев бизнисот и искрено со партијата многу не се занимавав и не ме интересираше, рече Стојменов.