Странските возила од утре ќе плаќаат поскапа патараина во Србија

од desk2
101 прегледи

Патарините во Србија за странските возила од утре ќе биде поскапа, не заради повисока цена, туку заради ускладување со девизниот курс.

Од „Патишта на Србија“ за B92 велат дека до сега се вршело ускладување кога курсот ќе се промени за повеќе од 3 отсто, додека сега цените ќе се корегираат на секое отстапување од 1 отсто.

Новата одлука дефинира дека заокружувањето во евра ќе биде од 0.01 – 0.49 на 0,50, а оние од 0,51 -099 на 1 евро.

Со новата пресметка од „Патишта на Србија“ велат дека приходот ќе им биде повисок за половина милион евра.