Страшна фрактура на нога во ЛШ, коментаторот полуде: Ова е кривично дело, ова е за затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот фудбалер Антонио Лопез се здоби со сериозна повреда на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите на КОНКАКАФ против Олимпија, бидејќи играч на противничкиот тим му ја скрши ногата!

Лопез заврши на земја на почетокот на второто полувреме, а неговите соиграчи веднаш скокнаа да се пресметаат со Џастин Арболед, кој преостро стартуваше и доби само жолт картон за тој фаул.

– Ова е за затвор. Ова е за црвен картон, ова е кривично дело – извика еден од коментаторите, додека другиот не може да се освести од шокот.

Фаулот се случи само неколку минути по голот на Олимпија за 1: 0, и со тој резултат, играта заврши. Сепак, Америка победи на првиот натпревар со 2: 1 и поради голот во гости, оди понатаму.

Слични содржини