Страшна несреќа во Мексико: Во судир на камион и минибус загинаа 26 лица (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 26 лица загинаа откако минибус се запали по катастрофален судир со камион во Мексико.

Според локалните медиуми, во автобусот имало неколку деца и бебиња кога се случила страшната несреќа, пренесува „Метро“.

Возилата се судриле на патот меѓу градовите Сарагоса и Идалго. Сликите кои ги споделија властите покажуваат дека патничкото комбе е речиси целосно уништено од пожарот, додека камионот исто така претрпел голема штета.

Надлежните утврдиле дека камионот кој превезувал приколка повеќе не бил на местото на несреќата. Извор од обвинителството во Тамаулипас ​​рече дека истражителите не се сигурни дали возачот на камионот побегнал или дали тој исто така загинал во несреќата.

Сите жртви веројатно биле членови на едно семејство кое изнајмило комбе за да се вози до северниот град Монтереј во Веракруз, објавија локалните медиуми.

Се верува дека сите тие се Мексиканци, бидејќи на местото на настанот биле пронајдени национални лични карти, пишува „Сан“.

Несреќата се случила на автопат во близина на главниот град на државата, Сиудад Викторија, а се истражува причината која довела до несреќата, соопштија властите.

Слични содржини