СТРАШНА НЕСРЕЌА во Пакистан: Воз излета од шини, најмалку 15 лица загинаа! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Најмалку 15 лица загинаа, а околу 40 се повредени кога воз излета од шините во јужен Пакистан, јавија локалните медиуми.

Неколку вагони на Хазар експрес се превртеле во близина на железничката станица Сахара во Навабшах, на околу 275 километри од најголемиот град Карачи.

Повредените патници се префрлени во блиските болници, а спасувачките екипи се обидуваат да ги ослободат луѓето од возот.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат десетици луѓе на местото на несреќата, а некои патници излегуваат од превртените вагони.

Слични содржини