Член на францускиот Лориен почина кога врз него падна рефлектор по натпреварот што го одиграа Рен и Лориен во Лига 1.
Трагедијата се случи околу 19 часот на стадионот „Мустоар“, каде Лориен ги игра своите натпревари.
Рефлекторот паднал над 37-годишниот човек и му била укажана помош на самото место, по што бил пренесен во болница. Завршил на апарати, му требало и дефибрилација, но не помогнало.
Лекарите на стадионот се обидувале да го спасат скоро еден час пред да биде пренесен во здравствената установа, каде што човекот починал и оставил зад себе три деца.
На помош притрчале и пожарникарите, а несреќата оставила некои играчи во шок, а ТВ Канал + објави дека играчите на Рен се испаничиле кога почнале да излегуваат од соблекувалните.
Да потсетиме, натпреварот заврши со победа на Рен со 3:0 во натпреварот од 16-то коло во Лига 1. Лориен сè уште не се огласи официјално за инцидентот со работникот.