Страшна СООБРАЌАЈКА: Најмалку 49 лица изгореа при директен судир на автобус и камион во Франција

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Најмалку 49 лица загинале во градот Либурн во Франција при судир на автобус и камион, соопштува “Europe1”. Засега причината за несреќата не е разјаснета. По судирот автомобилите се запалиле.Video-from-the-scene-of-the-accident-in-France-23.10.2015

Двете возила се судриле директно едно во друго во градот Puisseguin, вo близина на Libourne во регионот Жиронд, источно од Бордо.

Сообраќајна

Според весникот Sud Quest, автобусот превезувал постари луѓе кои тргнале на одмор.

Ова е најтрагичната сообраќајна несреќа во Франција од онаа во Beaune во 1982 година кога загинаа 52 луѓе, пишува Би-Би-Си.

soobraajka-21

Околу 60 пожарникари биле пратени на местото на инцидентот, објавија медиумите.

Според најновите информации, осуммина ја преживеале несреќата така што избегале од автобусот, кој бил зафатен во пламен.