Страшна сообраќајка во Волково: Маж загина во превртен и запален „мини купер“

од Берта Китинска
209 прегледи

Доцна по полноќ, жител на Скопје загинал во тешка сообраќајна незгода откако превезувајќи се, се превртел со возилото кое се запалило, велат од МВР.

„На 28.10.2022 во 3:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. 60 и ул. 58 во с. Волково, Скопско, патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С.(26) од с. Волково и А.Г.(28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат“, додаваат од МВР.