Страшни поплави во Турција: 6 лица загинаа, 10 се водат за исчезнати (видео)

од Nikola Popovski
227 прегледи

Во поплавите што го зафатија регионот Гиресун на северот на Турција загинале шест лица, а десет се наведени како исчезнати, објавија денеска локалните медиуми.

Невообичаено силниот дожд предизвика поплава која носела возила и разни предмети кои блокирани во калта. Неколку патишта се блокирани како резултат на поплавите, а нема електрична енергија во различни делови од регионот.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјавил дека во некои делови е воспоставен нормален проток на електрична енергија, но дека штетата на инфраструктурата е многу голема.

https://www.youtube.com/watch?v=hE9m7bVBZBg&feature=emb_title

Во соопштението на турското Министерство за кризни состојби се вели дека благодарение на работата на повеќе од илјада хуманитарни работници, спасени се 157 лица. Во соопштението се додава дека се прават напори да се отворат 83 патишта и дека 1,23 милиони американски долари средства за итни случаи се испратени во регионот.