Страшна сцена се случи денеска во Италија. Имено, двајца пилоти загинаа кога воените авиони со кои летале се судриле над Гвидонија Монтечелио, на околу 35 километри североисточно од Рим.
Едниот од авионите се урнал во воздухопловната база Гвидонија, другиот удрил во паркиран автомобил на улица во Колфиорито, блиска урбана област. Нема други повредени лица, јавува wantinrome.
#Italy #italien #planecrash #Rome
Two Italian Air Force training planes collided near Rome, both pilots died pic.twitter.com/93YIImgPkS— 𝕽𝖔𝖓𝖎𝖓 🔞 (@oldirtyronin) March 7, 2023
Очевидци изјавија за локалните медиуми дека четири авиони летале во формација кога двата авиона се судриле.
Во име на италијанската влада се огласи и премиерката Џорџа Мелони.
La morte dei due piloti dell’Aeronautica Militare, scomparsi nell’incidente aereo avvenuto a Guidonia, ci riempie di dolore. A nome del Governo esprimo profonde condoglianze e vicinanza alle famiglie, ai colleghi e all’Aeronautica Militare. A loro vanno le nostre preghiere.
— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) March 7, 2023
Таа изрази длабоко сочувство до семејствата на двајцата пилоти и до целото воздухопловство.